Откако американскиот претседател Џo Бајден го предупреди Израел дека ќе ја изгуби глобалната поддршка со сегашниот состав на владата, директно му одговори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој вечерва изјави дека во Америка има широка поддршка за израелската влада.
„Од почетокот на војната водам дипломатска кампања со цел да се спротивставам на притисокот за предвремено завршување на војната, а во исто време да добијам поддршка за Израел“, рече Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека неговата земја има „суштинска поддршка во оваа област“, наведувајќи дека истражувањето на Агенцијата Харвард Харис објавено во понеделникот покажа дека 82 отсто од американскиот народ го поддржува Израел во војната против палестинскиот Хамас.
„Тоа ни дава нов извор на сила да ја продолжиме нашата војна против Хамас до целосна победа“, рече Нетанјаху.