Органот за цивилен воздушен сообраќај на Европската унија побара од „Ер Пинк“, во косопственост на Жељко Митровиќ, да врати три AOC дозволи за летање, што и го направија.
Тоа практично значи дека сите нивни авиони се приземјени и дека работата на таа авиокомпанија е прекината, дознава Радар, а пренесува Нова.рс.
Телото на ЕУ изврши увид пред околу една недела кога беа констатирани бројни неправилности.
Според официјалните податоци на Агенцијата за деловни регистри, Жељко Митровиќ е сопственик на 48 отсто од акциите во „Ер Пинк“, околу два отсто поседува Пинк Медиа Груп. Останатите 50 отсто од акциите се во сопственост на Александар Илиќ.
На официјалната страна на „Ер Пинк“ пишува дека имаат флота од 19 авиони, а главната база на оваа компанија е меѓународниот аеродром „Никола Тесла“ во Белград.