Шведскиот фудбалски интернационалец Кристофер Олсон, кој настапува за данскиот Мидтјиланд завршил во болница поради заболување на мозокот. Олсон, 28-годишниот шведски репрезентативец изгубил свест во својот дом во вторникот и бил пренесен во болница во градот Архус, каде докторите се борат за неговиот живот. Последните информации не се добри, бидејќи се наоѓа на респираторна поддршка и во кома. Информациите за неговата здравствена состојба ги потврди и Мидтјиланд. „Олсон се здоби со акутно заболување на мозкот и тоа не е предизвикано од самоповредување. Сите во клубот сме погодени од ситуацијата и му пружаме максимална поддршка него и на неговото семејство“, објави данскиот клуб. Кариерата Олсон ја започна во Спеинет и Норкопинг, меѓутоа како младинец беше дел и од Арсенал, а откако не се наметна во англискиот гигант доби шанса во Мидтјиланд, потоа беше член уште на АИК, Краснодар и Андерлехт, додека се врати во Мидтјиланд во 2022 година. За репрезентацијата на Шведска има одиграно 47 натпревари.