Дани Алвеш повеќе не е легенда на Барселона. Клубот вака реагираше откако Бразилецот беше осуден на четири и пол години затвор поради силување.
Поранешниот десен бек на Каталонците со 43 титули е играчот со најмногу трофеи во историјата на фудбалот. Два пати го носеше дресот на Барса, од 2008 до 2016 година и од 2021 до 2022 година. Одигра 431 натпревар, постигна 15 гола и ги освои сите можни трофеи во клупскиот фудбал.
Тој се најде на списокот од 102 играчи кои во 125-годишната историја се здобија со статус на легенда на Барселона. Сепак, неговото име сега е отстрането од таа листа.
Алвеш на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна девојка во ноќен клуб, а пред неколку дена беше осуден на затворска казна.