Најмалку 17 лица загинaа во судир на два автобуси во Хондурас

Најмалку 17 лица загинаа, а 14 се повредени во судир на два автобуси во западниот дел на Хондурас, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила на автопатот CA-14 кој го поврзува градот Санта Роса де Копан со градот Грасијас, пренесува локалниот весник „Ла Пенса“.

Повредените се префрлени во болницата во Санта Роса де Копан.

На терен се припадници на полицијата и итната помош.

Треба да знаете
Последни објави