Од чанта во воз во Париз украдени плановите за обезбедување на Олимписките игри

Од воз на станицата Гар ду Норд во француската престолнина е украдена торба во која имало компјутер и две USB мемориски стикови со полициски безбедносни планови за Олимписките игри во Париз.

Торбата му припаѓала на инженер од градското собрание на Париз, соопшти полицијата доцна во вторникот, потврдувајќи го извештајот на телевизијата BFM, додавајќи дека тој ја ставил торбата во багажниот простор над своето седиште. Бидејќи возот доцнел, решил да го смени возот и тогаш ја открил кражбата.

Инженерот навел дека неговиот работен компјутер и два USB-стикови содржат чувствителни податоци, односно планови на општинската полиција за обезбедување на овогодинешните Летни олимписки игри.

Истрагата ја спроведува подрачната сообраќајна полиција.

За време на Игрите, кои се одржуваат од 26 јули до 11 август, ќе бидат ангажирани 2.000 полицајци и околу 35.000 лица од обезбедувањето.

Треба да знаете
Последни објави