Пред малку е ограбена банка во населба Илинден

Утрово во една банка во населбата Илинден, влегло машко лице со кацига и со закана со пиштол кон вработените одзел околу 20.000 евра дознава 24инфо.мк од извори во полицијата.

Разбојникот, парите ги ставил во црн ранец по што со спортски мотор побегнал од местото.

Според информациите од МВР станува збор за лице високо околу 170 сантиметри, облеченo во црна јакна, црни пантолови и црна кацига на главата, по кое се трага.

Треба да знаете
Последни објави