ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Стево Пендаровски и неговиот кредибилитет, се вели во писмената рекација од претседателскиот кабинет по обвинувањата кои утрово пристигнаа од опозициската партија упатени на негова адреса дека се пишманел околу кандидатурата за втор мандат. -Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните. Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/02/Интервју-фактор.jpg)