Најфреквентниот пешачки премин во светот: Во еден „зелен бран“ поминуваат до 2.500 луѓе

Најфреквентниот пешачки премин во светот е вистинска слика за лудилото, метежот и шаренилото на Токио, па не е невообичаено што често ги инспирира и уметниците и аматерите.

Најфреквентниот пешачки премин во светот се наоѓа во токискиот кварт Шибуја, кој е дом на многу знаменитости, но и места на модерна и поп култура кои мора да се видат, па затоа е препознаен и како место за возбудлив ноќен живот, место каде што луѓето доаѓаат да се пофалат и да се види кој е таму””.

Но, големата фреквенција на самиот премин се должи на една од најфреквентните железнички станици во светот, од која практично се излегува на оваа раскрсница. Тоа е станицата Шибуја.

Над две и пол илјади луѓе минуваат низ пешачкиот премин во округот Шибуја во еден „зелен бран“, а тој број во еден ден расте на милион или повеќе. Самиот пешачки премин поминува десет сообраќајни ленти, пет огромни зебра премини ги поврзуваат најфреквентните места на овој фреквентен и модерен кварт, а патот на пешаците им го покажуваат огромните екрани кои се синхронизираат со секој премин и дополнително ги предупредуваат пешаците на црвени или зелени семафори.

Се разбира, најдобрата глетка на раскрсницата е од птичја перспектива, така што блиските облакодери често имаат платформи за фотографирање на преминот (за што во некои случаи се наплаќа такса).

Треба да знаете
Последни објави