Роналдо за непристоен потег два меч се сели на трибините

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо која настапува за Ал Наср ја заработи и првата казна по неговото пристигнување во Саудиска Арабија.Роналдо е казнет со два натпревари неиграње и да плати 2.600 долари поради непристоен потег кон навивачи на противнички тим. Роналдо имаше непримерна реакција, кога навивачите на Ал Шабаб го испровоцираа скандирајќи го името на Лионел Меси по средбата со Ал Наср, поради што во наредните два натпреаври за својот тим ќе биде преселен на трибините. -Ги почитувам сите клубови. Мојот потег изразува сила, не е срамен и навикнати сме во Европа, објаснил Роналдо во официјална изјава за дисциплинската комисија.

Треба да знаете
Последни објави