И Јакимовски успеа да собере 10.000 потписи

Стевчо Јакимовски успеа да ги собере потребните 10.000 граѓански потписи со што и официјално влезе во изборната трка за претседател.

„Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија. Секој од нас заслужува подобрo!Храбро до победа! Да живее Македонија„ пишува Јакимовски на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави