МНР го осудува нападот на цивилите кои чекаа храна во Газа

Министерството за надворешни работи на С.Македонија најостро го осудува нападот во Газа, кој однесе животи на голем број невини луѓе додека чекаа за храна околу камионите за хуманитарна помош. Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена, велат од МНР.

Треба да знаете
Последни објави