Нов пункт за вадење лични документи со четири базни станици кој ќе се наоѓа во склоп на Центарот за обука во Идризово ќе биде отворен в среда, најави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски при гостувањето во утринската програма на „Слободен печат“. -В среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи кои што ќе се наоѓа во склоп на Центарот за обука во Идризово. Пунктот ќе биде со четири базни станици кои се префрлени во Идризово од внатрешноста на државата. Започнуваме со една смена, бидејќи за толку имаме обучен кадар, а ќе можат да се опслужуваат по 250 до 300 луѓе, изјави Тошковски.