Сколс: Манчестер јунајтед со Тен Хаг ќе се раздели на крајот од сезоната

Поразот на Манчестер јунајтед во градски дерби против Манчестер сити (1:3) во рамките од 27. коло во англиската фубдалска премиерлигашка конкуренција, повторно ги актуелизира темите за заминувањето од „Олд Трафорд“ на холандскиот стратег Ерик Тен Хаг на крајот од сезоната. Легендарниот Пол Сколс е убеден дека холандскиот стратег ќе замине од клупата на „црвените ѓаволи“. -Тоа што го гледаме е далеку од квалитетот што треба да го прикажува тим што сака да биде конкурент за титулата. Така е речиси секоја сезона. Мислам дека Тен Хаг нема да биде тука следната сезона, тоа го заклучувам од интервјуто на Ретклиф, новиот главен човек во клубот. Мислам дека не е среќен со тоа што се случува во клубот. Не би бил изненаден доколку веќе го бараат новиот тренер, но не велам дека тоа е вистинска одлука, изјави Сколс за англиските медиуми. „Ѓаволите“ во моментов се дури на шестото место во Премиер лигата со 44 бодови, дури 11 помалку од Астон Вила, која е на последната позициите што води во Лигата на шампионите следната сезона.

Треба да знаете
Последни објави