Демократскиот сојуз предлага да се забрани наркобизнисот во Македонија. ДС по изборите ќе предложи укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба, се вели во писмената реакција од партијата и додаваат: -Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува, над 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко бизнисот и злоупотребата на канабисот. Присуството на експерти од странство за борба против наркобизнисот во Македонија, потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на наркокартели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија. Досега се откриени над 10 „кражби” на марихуана, обиди за нелегална продажба на канабис итн. Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на Обединетите Нации. Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид на легализиран криминал. Во овој „бизнис”се вклучени и носители на високи државни и политички функции.