Европската унија постигна договор за забрана до 2030 година на пластична амбалажа за храна и контејнери за еднократна употреба во угостителството.
Сепак ќе биде дозволено пакување од хартија или картон, пренесуваат агенциите.
Европратениците се согласија за клучниот текст на Зелениот пакт, кој ја поставува целта да се намали количината на отпад од сите видови пакувања во ЕУ за пет отсто во споредба со 2018 до 2030 година, потоа за 10 отсто до 2035 година и за 15 отсто до 2040 година.
Исто така, забрането е додавање на полифлуороалкилни супстанции во пакувањето на храната, кои се штетни „вечни загадувачи“.