Бајден предупредува на опасна ситуација доколку не дојде до прекин на огнот во Газа пред Рамазан

Американскиот претседател Џо Бајден оцени дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот во Газа бидејќи ситуацијата ќе стане „многу опасна“ во Израел доколку продолжат непријателствата за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој ќе започне на 10 или 11 март.

– Тоа е во рацете на Хамас – рече Бајден во краткото обраќање пред новинарите со одговори на само неколку прашања пред да влезе во авионот.

Бајден додаде дека Израелците соработуваат и дека на маса е „разумен“ предлог за да се овозможи ослободување на заложниците проследено со прекин на непријателствата.

Разговорите одржани во Каиро за прекин на огнот беа прекинати без резултати, но делегацијата на Хамас најави дека ќе останат уште еден ден на барање на преговарачите за да продолжат.

Остануваат само уште неколку дена до завршување на непријателствата пред почетокот на Рамазан.

Американскиот претседател, исто така, повтори дека треба да стигне повеќе помош во Газа, која е погодена од сериозна хуманитарна криза, и додаде дека „нема оправдување“ зошто помошта не може да пристигне, во забелешката насочена кон Израел.

Тој додаде дека многу работи со израелските власти.

Треба да знаете
Последни објави