Фудбалскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров потврди дека за нов тренер на тимот е назначен Бобан Грнчаров. Рокадата на тренерската клупа во Ѓорче Петров доаѓа по разделбата со Тони Џангаровски по поразот од Воска. Грнчаров пристигнува во редовите на актуелниот куп-победник Македонија ЃП со една цел да го спаси тимот од испаѓање од прволигашката конкуренција. Македонија ЃП е на последното место во ПМФЛ со само 18 освоени бода. Дебито на жешкото столче за Грнчаров ќе биде веќе утре на гостински терен кај актуелниот шампион Струга.