Најавен нов протест против спорниот ДУП во Ѓорче Петров

Во четврток во 17.30 часот ќе се одржи протестен марш против бетонизацијата на Ѓорче Петров, најавуваат граѓани на социјалните мрежи.

Маршот ќе тргне од кружниот тек кај црквата Свети Петар и Павле а ќе заврши на локацијата каде е предвидена изградба на комплекс високатници и три нови хемиски постројки, веднаш спроти населбата Порта Влае.

Граѓаните се противат на ДУП-от за градската четврт СЗ 13 затоа што како што велат со изградбата на 30 нови згради и нови 12.000 жители, населбата ќе стане пренаселена, ќе се зголемат проблемите со паркинг и водоснабдување, ќе се зголеми и сообраќајниот метеж а самата неселба ќе стане нехумана за живеење.

И покрај барањата за суспендирање на ДУПот градоначалникот Александар Стојкоски и мнозинството советници од ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваат од изградбата на нови згради.

Треба да знаете
Последни објави