Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
Денеска сум во Брисел, во посета на Европската Комисија каде што се сретнав со комесарот за проширување, Оливер Вархеји. А, исто така имам и средба со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти.
На двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ.
Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ, тоа го нагласив.
И после осми мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ.