Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.