Актуелниот претседател на Македонија и кандидат за втор мандат, поддржан од владеачката СДСМ и од граѓаните кои во еден ден се одѕваа да ја исполнат потребната бројка потписи, Стево Пендаровски е убеден дека ќе ги добие изборите во вториот круг, закажан за 8 мај. Коментирајќи ги изјавите на опозицискиот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, актуелниот шеф на државата Пендаровски не демантираше дека во првиот круг на 24 април може да губи и со 100.000 разлика, но убеден е дека со гласовите кои ќе ги добие во вториот круг ќе стигне до победата. -Како го коментира исходот на претседателските избори во мај, лидерот на ВМРО ДПМНЕ сте
забележале. Во сите изјави вели дека нивниот кандидат ќе води, 100.000 разлика, меѓутоа не кажува за вториот круг како ќе биде. Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Не можеш да станеш претседател во првиот круг во трка со 7 кандидати. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат – вели Пендаровски во интервју за Сител, додавајќи дека очекува реприза на претходните избори.
На претходните избори во 2019 година по првиот круг Пендаровски водше со помалку од 4.000 гласа, а во вториот круг победи со скоро 60.000 гласови разлика.