Одделот за финансии на САД означи две лица и пет ентитети поврзани со конзорциумот Интелекса, меѓу кои и компанијата Сајтрокс АД, со седиште во Северна Македонија, за нивната улога во развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително и државни службеници на САД, новинари и експерти за политика.
САД лани ја ставија македонската компанија Сајтрокс на црната листа и им забранија на американските компании да работат со неа оти претставувала закана за „националната безбедност и интересите на надворешната политика на САД“.
Покрај македонската компанија, под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“. Со санкции се соочуваат и Тал Џонатан Дилијан – основач на конзорциумот „Интелекса“ и Сара Александра Фајсал Хаму – специјалист за корпоративен офшоринг која обезебедувала менаџерски услуги за конзорциумот „Интелекса“.
Сите ентитети, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари.
Сајтрокс АД е компанија во рамките на конзорциумот Интелекса и делува како развивач на шпионскиот софтвер Предатор на конзорциумот.
Сајтрокс АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.