Палестинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Израел се обидува да го наруши северниот дел на Појасот Газа со интензивирање на нападите врз тој дел од енклавата и влошување на кризата со глад меѓу населението.
„Министерството за надворешни работи и емигранти најостро ја осудува геноцидната војна што Израел ја води против нашиот народ во Појасот Газа веќе 152 дена“, се вели во соопштението на Министерството.
Министерството соопшти дека повеќе од половина милион Палестинци живеат во северниот дел на Газа и минуваат низ „најстрашните акти на геноцид“, кои вклучуваат постојано бомбардирање, глад и создавање конфликти и хаос, наведува Ал Џезира.