Лајпциг пред (не)возможна мисија во Мадрид

Воздудувањата во елитното клупско фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите вечерва (21ч.) продолжуваат со уште два реванш осминафинални натпревари. Најтрофејниот во Европа со освоени трофеи во ова натпреварување шпанскиот Реал Мадрид го пречекува бундеслигашот Лајпциг на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Во другиот натпревар актуелниот европски и англиски првак Мачестер сити со два гола предност пред своите гледачи треба да го потврди пласманот во четвртфиналето по двомечот со данскиот Копенхаген откако на гостински терен го совлада со 3:1. По првиот меч „кралевите“ имаат предност од 1:0, со што ја зголемуваат фаворитската улога за пласман меѓу осумте најдобри на континентот. Реал Мадрид во првиот меч одигран во Германија победи со голот на Брахим Диаз. Тренерот Карло Анчелоти, за овој натпревар ќе го има на располагање англискиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери во својот тим, Џуд Белингам. Гостите од Германија не се во најдобра форма, но не се откажуваат од идејата да приредат изнеандување. Тренерот на Лајпциг, Марко Розе во (не)возможната мисија се очекува да ги нападне „кралевите“ со Луис Опенда, на кого поддршка треба да му бидат Чави Симонс и Дани Олмо.

Треба да знаете
Последни објави