Промоција на книга „30+ Жените тоа го можат“

Во Собранието денеска ќе се одржи промоцијата на книгата „30+ Жените тоа го можат“ за работата на женските невладини организации по независноста на земјата.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на промоцијата ќе се обрати претседателот на Собранието Јован Митрески.

Ќе бидат прикажани снимени обраќања од претставници од регионот и видео запис за работата на организираните жени на НВО.

Во завршниот дел, ќе се обрати Савка Тодоровска, претседателка на Националниот сојуз за родова рамноправност. 

Треба да знаете
Последни објави