Скопскиот кривичен суд се прогласи за ненадлежен да одлучува за обвинението против Мерко

Скопскиот кривичен суд се прогласи за ненадлежен да одлучува за обвинението против струшкиот градоначланик Рамиз Мерко, поднесено од Обвинителството за организиран криминал и корупција, и предметот, по правосилноста на решението, ќе го достави на постапување во Основниот суд Струга. Во соопштението на Кривичниот суд се вели дека Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција ( КОК ) при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог со КО бр. 27/24 против обвинетиот Р.М. од Струга за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв со ст.1, „донесе решение со кое се огласува за стварно ненадлежно и, предметот, по правосилноста на решението, ќе биде доставен на надлежно постапување во Основниот суд Струга“.

Со оглед на сето тоа стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело. – соопштија од судот. Обвинителството поднесе обвинител акт против Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба при набавката на лукзузно ауди а6, кога сметката на општината била блокирана..

Треба да знаете
Последни објави