Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ е безидејна партија, овојпат краде авторски видео материјали за пропагандни спотови

Интегрален текст од соопштение на тимот за комуникации на Стево Пендаровски:

ВМРО-ДПМНЕ е позната по немањето став за клучните прашања, по немањето план за иднината, но позната е и по тоа што е безидејна партија.

Еден од низата докази за тоа е едно од нивните последни пропагадни видеа, каде тенденциозно и бесрамно се украдени кадри од видео објавено од претседателот Стево Пендаровски.

Во пропагандното видео на ВМРО-ДПМНЕ објавено на официјалната страница на Христијан Мицкоски неовластено се користат видео кадри од промотивно видео на Пендаровски од посетата на неговиот кабинет од страна на ученици од средното училиште „Никола Карев“ која се случи во април 2022 година.

Цели сцени каде се појавуваат припадници на Батаљонот за почести во Армијата неовластено се преземени од видеото објавено кај претседателот Пендаровски и искористени во пропагандно видео на ВМРО-ДПМНЕ.

Драго ни е што на ВМРО-ДПМНЕ им се допаднало видеото на претседателот Пендаровски, но тоа што неовластено преземале кадри, покажува дека оваа партија не е кадарна ниту да направи автентично видео, а не пак нешто повеќе.

Во прилог линкови од двете видеа:

Видео објавено од Стево Пендаровски

Видео објавено од Христијан Мицкоски

Треба да знаете
Последни објави