Инфлуенсер истетовирал „Меси“ на челото, па зажалил: „Посакувам да не го направев тоа“

Колумбискиот инфлуенсер Мајк Џамбс го истетовирал името на Лионел Меси на своето чело.

Покрај името на славниот фудбалер, тој имаше истетовирано и три ѕвезди, со оглед на тоа што Аргентина трипати беше светски првак.

Потоа ја објасни својата одлука.

„Се каам што ја направив тетоважата бидејќи, наместо позитивни работи, ме доведе до многу негативни ситуации, како лични така и за моето семејство. Не мислев дека ќе го кажам тоа толку бргу и се чувствував многу горд на она што го направив, но сега посакувам да не го сторив тоа“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави