(Видео) Забрчанец: Три услови за неопходни за да функционира Отворен Балкан

За целосно да функционира иницијативата Отворен Балка неопходни се три услови, смета националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи Марјан Забрчанец

Првите два услова според него, се политичка волја и поддршка од граѓаните, а Забрчанец смета дека македонската Влада ги исполнила двата услови, како и дека Отворен Балкан добива голема поддршка од граѓаните, од околу 70-80 проценти.

Третиот услов е спроведување на договореното од страна на институциите, каде што според Забрчанец, државата покажала сериозен капацитет.

„Со сите предизвици кои што ги имаат македонските институции, во делот на Отворен Балкан, покажавме капацитет за спроведување на мерките“ вели Забрчанец.

Треба да знаете
Последни објави