Руски генерал: Не може да се исклучи можноста за ескалација на конфликтот во Украина до војна од големи размери

Рускиот генерал Владимир Зарудинцки предупреди дека конфликтот во Украина може да ескалира во војна во Европа и рече дека веројатноста силите на Москва да бидат вклучени во нов конфликт „значително се зголемува“.

– Не може да се исклучи можноста за ескалација на конфликтот во Украина до војна од големи размери во Европа, истакна Зарудницки. 

Главен извор на воени закани за нашата земја е антируската политика на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, кои водат нов тип на хибридна војна со цел на секој можен начин да ја ослабат Русија, да го ограничат нејзиниот суверенитет и да го уништат нејзиниот територијален интегритет, оцени генералот, кој е началник на Воената академија на Генералштабот на руската армија од 2017 година. 

Треба да знаете
Последни објави