Саинц од Ферари итно опериран

Ф1 тимот на Ферари соопшти дека во текот на денот Карлос Саинц мора да оди на итна операција поради воспаление на слепото црево, а сега од екипата откриваат дека хирушкиот зафат бил успешно завршен. Италијанскиот тим информира дека Саинц сега го чека кратка пауза, односно останува во болница на рехабилитација, а тоа значи дека ќе ја пропушти трката во Саудиска Арабија. На негово место ќе настапи Оливер Берман, кој не се прослави во квалификациите за утрешната трка.

Треба да знаете
Последни објави