Според моменталните анализи со кој располагаме, со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), следната седмица ќе биде и понатаму пролетно топла, иако календарски се сеуште зима, но и со повеќе врнежи.
Најмногу врнежи ќе имаме во понеделник и во вторник, кога е можна појава и на локално невреме со електрични празнења и со појава на град.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
![](https://meteoalarm.mk/wp-content/uploads/2024/03/webp-worker-commands-5684b7b559-r645v-6fe5cac1a363ec1525f54343b6cc9fd8-1owbn_.webp)
Мора да напоменеме дека на повеќе места, особено во понеделник ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот, што значи нема да се менуваат во однос на овие што ги имаме за време на викендов.
Топло ќе биде и во најголемиот дел од Европа.
Славчо Попоски