Вечерва околу 20 часот, по повеќе од 14 часа застој, конечно нормално функционира сообраќајот на патот Скопје – Граничен премин Блаце.
Сообраќајот во двата правци беше во застој откако се преврете камион а 20 тона товар се расфрли низ патот.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/03/IMG-20240309-WA0001-1024x717.jpg)
Тоа, ги принуди возачите да возат низ нерамен ридско планински пат а стотици камиони од Косово со часови чекаа на границата бидејќи не им беше дозволен влез во државата.