Има разлика меѓу активистите на СДСМ и ботовите на опозицијата, вели Маричиќ

Има разлика, СДСМ го шири демократскиот глас преку своите активисти, а опозицијата користи ботови за дезинформирање“ објави на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

„Дигиталната битка на овие избори ќе ја добијат СДСМ и демократскиот блок бидејќи гласот и ставот на луѓето кои се борат за социјална правда и за еднаквост секогаш е посилен и погласен од тајните подрумски структури на национализмот“ потенцираше Маричиќ.

Тој додаде дека СДСМ ја шири својата дигитална акција, преку постојано приклучување нови и посветени подддржувачи на социјалдемократската кауза.

„Им благодарам на сите активисти од Изборна единица 1 кои денес ни се приклучија на работилницата на #СДСМ посветена на #ДигиталнаАкција“ напиша Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави