Баер гази во Бундеслигата кон историска титула

Лидерот во германската фудбалска бундеслигашка конкуренција Баер Леверкузен ја продолжи серијата без пораз откако денеска пред своите гледачи во 25. коло го победи Волфсбург со 2:0 и направи уште еден чекор поблиску до освојување на првата титула во историјата на клубот. Ова беше петти триумф по ред за Баер. Головите ги постигнаа Тела во 37. и Вриц во 86. минута, па Баер и натаму има десет бода предност пред Баерн, на девет кола пред крајот на сезоната. „Фармацевтите“ можеа да обезбедат и поубедлива победа, но избраниците на тренерот Чаби Алонсо промашија голем број изгледни шанси.

Треба да знаете
Последни објави