Избегната трагедија за време на кошаркарскиот меч Басконија-Барселона

На кошаркарскиот натпревар од 24. коло во шпанската АЦБ лигата помеѓу Басконија и Барселона во арената „Фернандо Буеса“ во финишот од натпреаврот падна рефлектор, но за среќа никој не настрадал на паркетот. За време на инцидентот бил тајм-аут, па на средина од теренот настапувале танчарките, кога рефлекторот од централниот семафор на кровот се откачил и паднал до нив. За среќа на сите присутни во салата, ниту еден од актерите не е повреден. Басконија се огласи веднаш по натпреварот. „Басконија го истражува дефектот на едно од светлата на видео таблата за време на последниот тајм-аут од натпреварот. Клубот веднаш побара извештај од техничкиот добавувач одговорен за неговата неодамнешна инсталација со цел да се разјаснат причините за инцидентот “, стои во кусото соопштение од клубот. Домашната екипа ја совлада Барселона со 103:96.

Треба да знаете
Последни објави