(Фото/Видео) Невеста од бајките: Антониа Гиговска и Роберт прават голема свадба

Младата поп пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг и татко на нивното дете Киан, музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер пред речиси една година стапија во граѓански брак, а убавата вест тогаш ја споделија со јавноста преку неколку фотографии.

Но, се чини дека ваквата формалност не е доволна за крунисување на љубовта на оваа естрадна двојка, па Антониа и Роберт  одлучија денеска да направат голема свадба и да ја потврдат љубовта пред голем број гости во ресторанот 360 рооф топ кој 24 инфо екслузивно дојде до фотографии од ноќната забава.

Треба да знаете
Последни објави