Шкупи го доби градското дерби со Работнички

Шкупи им се врати на победите во Првата македонска фудбалска лига во градското дерби против Работнички со триумф од 3:2, во рамките од 23. коло, прво од третиот круг, но не се врати на лидерската позиција, каде се издвои актуелниот првак Струга ТЛ, по киксот на Шкендија. Стружани во оваа рунда пред своите гледачи прокнижија три бода со три гола во мрежата на АП Брера (3:1). Тетовскиот прволигаш Шкендија киксираше пред своите гледачи во дуелот со Воска Спорт (0:0). Во битката за опстанок значаен бод освои и Вардар на гостувањето против Гостивар (0:0), а Силекс потешко од очекувањата дојде до победа против Македонија ЃП (1:0). Тиквеш ја совлада Брегалница (2:1). Табела: Струга 48 бодови, Шкупи 47, Шкендија 44, Тиквеш 32, Силекс 32, Гостивар 31, Брера Струмица 27, Работнички 27, Воска Спорт 26, Вардар 25, Брегалница Штип 21, Македонија ЃП 18.

Треба да знаете
Последни објави