Спасовски и Битиќи се сретнаа со кумановскиот муфтија

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретнаа со кумановскиот муфтија.

„Со задоволство заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи се сретнав со кумановскиот муфтија Абедин еф. Имери. Кумановското муфтиство има исклучителна улога во нашиот концепт „Едно општество”, во моето мултикултурно Куманово, чиј придонес во негувањето на дијалогот и меѓусебната почит е од исклучително значење, особено во пресрет на Светиот месец Рамазан“ објави на социјалните мрежи Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави