Ѓорчепетровки немаа сила да парираат цел меч кај Елче па на крајот убедливо загубија

Македонскиот ракометен шампион во женска конкиуренција Ѓорче Петров убедливо загуби во првиот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп  на гостувањето кај поанскиот Елче 36:21. Македонскиот претставник постојано бркаше негатива против фаворитот, но не му дозволи на Елче да направи поголема предност. На полувреме зе замина со 14:10 за домаќинот. Елче се мачеше против македонските ракометарки и во вториот дел сè до 50. минута кога Ѓорче Петров беше во игра за резултат кој ќе му ги зголемеше шансите да направи изнеандување на реваншот во Скопје закажан за 17 март во Скопје. Ваквиот развој на настаните на паркетото беше до самиот финиш кога Елче направи серија од 13:1 и годоби убедливо мечот со петнаесет голови разлика. Најдобра во составот на македонскиот тим беше Марија Јанкуловска со пет погодоци од осум обиди, додека Ван Зијл беше најефикасна кај Елче со 11 голови.

Треба да знаете
Последни објави