Метео анализа на Славчо Попоски
Денес и утре, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град.
Денес ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот.
И во Скопје очекуваме слично време, денес и утре со повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, особено во текот на денешниот ден.
Да напоменеме дека повремено на високите планини ќе има провејување на снег.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
Уште еднаш да се потсетиме на анализата на времето за оваа седмица:
Според моменталните анализи со кој располагаме, со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), седмицата која е пред нас ќе биде и понатаму пролетно топла, иако календарски се сеуште зима, но и со повеќе врнежи.
Најмногу врнежи ќе имаме денес и утре, кога е можна појава и на локално невреме со електрични празнења и со појава на град.
Топло ќе биде и во најголемиот дел од Европа.
НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така локално се очекува позначително количество на воден талог (над 25 литри). Доколку се случат овие врнежи за краток период, и тоа поради очекуваната нестабилност можни се локални краткотрајни поплавувања.