Непосредно пред почетокот на Рамазан полицијата уапси 20 лица во Ерусалим

Непосредно пред почетокот на Рамазан, израелската полиција приведе 20 жители на источниот дел на Ерусалим во кој доминираат Арапите, соопшти полицијата.

Осомничените, кои беа приведени во последните две недели, се обвинети за поддршка или поттикнување тероризам. Многумина се уште се под истрага, а некои веќе се обвинети, се наведува во соопштението.

Рамазан е свет месец на муслиманскиот пост и оваа година започна синоќа. Оваа година тензиите во Израел и окупираните палестински територии се особено силни поради актуелната војна во Газа.

За време на Рамазан се очекува конфликтот да продолжи на окупираниот Западен Брег и околу светите места во стариот дел на Ерусалим.

Израелската разузнавачка служба Мосад тврди дека исламистичкиот Хамас ќе се обиде да го „запали регионот“ за време на Рамазан во Газа.

Вашингтон претходно почна да врши притисок за договор за прекин на огнот и договорот за ослободување на заложниците да се финализираат до почетокот на Рамазан, но и покрај неколкунеделните напори, разговорите со денови наназад се во застој.

Треба да знаете
Последни објави