Несекојдневна спасувачка мисија: Тимот на ЈП Лајка спаси „Далматинец“ паднат во Вардар

Тимот на ЈП Лајка составен од ветеринари и заловувачи викендов беше во спасувачка акција откако беше пријавено и лоцирано куче од расата Далматинец паднато во реката Вардар , уплашено, исцрпено и во целосно безизлезна ситуација.

Благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето беше извлечено на брегот и згрижено во прифатилиштето, се до пронаоѓањето на сопствениците.

-Некогаш е прашање на миг дали животното ќе загине или преживее.  Во различни околности, доаѓа до различни завршници, затоа јавно упатуваме апел до сите сопственици на миленици секогаш да внимаваат на своите кучиња, да не ги пуштаат да шетаат без контрола и бидат пример за одговорно сопствеништво, изјавија од Лајка.

Треба да знаете
Последни објави