Работник од Турција се повредил додека извршување градежни работи на објект во Центар

 Градежен работник Х.У. (50) од Република Турција се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи на објект во изградба на територија на општина Центар. Случајот, како што информира МВР, вчера во 10.20 часот бил пријавен во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде Х.У. бил донесен на лекување.  За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави