Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона на „Монжуик“ го совлада Наполи (3:1) во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите и со вкупни (4:2) се пласира меѓу осумте најдобри екипи на стариот континетн сезонава кои ќе разигруваат за титулата во елитното клупско натпреаврување. На вториот вечерашен натпреавр од ЛШ, во Лондон , Арсенал и Порто играат продолженија откако средбата во регуларниот дел заврши 1:0, идентично како и на првиот натпореавр. Шпанскиот тим иако одигра добра партија, стравуваше за конечниот исход до самиот крај на мечот. Наполи не ги казни грешките, па Левандовски стави крај на надежите за италијанскиот првак Наполи. Барселона набрзина постигна два гола. Во 15. минута погоди Фермин Лопез, а две минути подоцна и Кансело се запиша во листата на стрелците откако рутинирано одбиената топка од дирекот ја спроведе топката во мрежата на италијанскиот првак. Калчолигашот не се предаде, преку Рахамни во 30 минмута намали и се врати во игра за евентуален пресврт. Во вториот дел шанси имаше на двете страни, но во листата на стрелците се запиаш само Левандовски за конечни 3:1. Арсенал со голот на Тросар во 41. минута славеше во 90. минути во Лондон против Порто.