Руските власти денеска наредија затворање на училиштата во градот Курск, главниот град на истоимениот регион, долж границата со Украина, по нападот од украинска територија, изјави градоначалникот на Курск.
„Поради неодамнешните настани, решив учениците да учат од далечина“ до петок, 15 март, објави на Телеграма градоначалникот на Курск, Игор Кучак.
Руски доброволци кои се борат за Украина изјавија дека денеска влегле во Русија со цел да ги нападнат пограничните региони, односно Курск и дека зазеле едно село. Руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата ги одбила нападите од Украина во текот на ноќта и наутро, уверувајќи дека спречила пробив на руска територија.
Денеска Украинците испратија бран беспилотни летала на руска територија, од кои околу 15 ја нападнаа областа Курск, соопшти Министерството.