Закани кон семејството на Стевчо Јакимовски – ќе се оградат ли од ВМРО-ДПМНЕ?

По несекојдневната случка со Изводот од книгата на венчани на синот на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи се појавија и закани по животот на Јакимовски и неговото семејство.

Заканата ја сподели и Јакимовски прашувајќи дали Министерството за внатрешни работи ќе реагира и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се огради од заканувачите.

,,Ќе реагира ли МВР на овие закани кон моето семејство или Министерот Панче Тошковски го интересираат само плочките на тоалетите?

Кога се закануваат негови членови фаќа сеир или ги поддржува⁉️” пишува Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави