Кривичен повторно ќе одлучува дали Мијалков да излезе предвреме од затвор, Апелација ја уважи жалбата

Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и го врати предметот пред Кривичен, за тој повторно да одлучи за барањето за условен отпуст на Мијалков.

– Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд – соопштија денеска од Апелационен суд Скопје.

Уважувањето на жалбата на осудениот Сашо Мијалков доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован.

– Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје како недозволена ја отфрли жалбата на директорот на Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга – дополнуваат од Апелација.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Треба да знаете
Последни објави