МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ДЕНЕС: На повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи – Можно е локално невреме!

Метео анализа на Славчо Попоски:

До крајот на денов на повеќе места низ Македонија ќе продолжат повремените врнежи од дожд, додека на високите планини ќе провејува снег. Особено околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Не се исклучува можноста локално процесите да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со електрични празнења и со појава на ситен град.

НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Bo Скопје и околината исто така ќе има повремен локален дожд, а во делови од котлината можна е појава и на нестабилност проследена со грмежи и засилување на ветерот.

Потоа во следните денови продолжува променливото време со повремени локални, но послаби врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Треба да знаете
Последни објави